Рано утрово во Битола биле запалени два автомобила.
Според полицијата, утрово околу 4 часот во Битола, на ул. „Димче Лехчански” опожарени се паркирани автомобили “хјундаи“, и автомобил “мерцедес“.
Полицијата превзема мерки за расчистување на настанот.
Палењето на автомобили во Битола ги вознемири битолчани, и ги потсети на минатата година кога во повеќе наврати беа палени автомобили во градот.
Б.В.
Фото архива