Home / Uncategorized / Запалено возило на патот Битола-Прилеп

Запалено возило на патот Битола-Прилеп

Денеска,  рано утрината на патот Битола- Прилеп, кај селото Српци било запалено возило со битолски регистерски таблици, марка “ Рено кампус”.

Според очевидци на настанот опожареното возило го забележал некој од патниците кои патувале за Скопје и веднаш ја известиле битолската противпожарна единица која се упатила кај местото на настанот.

Инаку,  во возилото немало патници, а како дошло до пожарот засега никој не сака да дава информации.

Во битолската против пожарна единица велат дека кога тие пристигнале на местото на опожареното возило, немало никој ниту  во возилото, ниту  околу него, а кој го запалил и со што возилото
останува да утврди истрагата.

Во СВР Битола засега немаат информации за опожарувањето на возилото и најавија информации за подоцна.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*