Home / Македонија / Запленети над 1.000 метри кубни огревно дрво, затворени и складови

Запленети над 1.000 метри кубни огревно дрво, затворени и складови

Во рамки на оперативната акција „Гора”, насочена кон сузбивање на криминалот поврзан со нелегална сеча на дрва, пустошење шуми и нелегална трговија со дрвна маса, која почна во јуни годинава, досега се запленети над 1.000 метри кубни огревно дрво или по три камиона дневно во вредност од над 36.000 евра
Како што соопшти денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, извршени се контроли во 245 легални складови за огревно дрво ширум земјата при што поради неправилности, 49 складови се затворени. Извршена е и контрола на 31 правно лице лиценцирано за издавање одобренија за сеча на приватна шума, при што кај 21 субјект се утврдени неправилности во работењето. Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Државниот инспекторат за шумарство, Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Управата за јавни приходи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*