Home / Uncategorized / Засилени превентивни мерки во училиштата против жолтицата

Засилени превентивни мерки во училиштата против жолтицата

Засилени превентивни мерки против жолтицата ќе бидат преземени во градинките и училиштата на почетокот на новата учебна година
Првиот училишен ден ќе започне со час за миење на рацете, предавања за личната хигиена, за начинот на пренесување на заразната жолтица, како и за начинот на превенција.
На влезот од училиштата ќе треба да има поставено и дезифициона бариера, односно дел каде учениците ќе ги дезинфицираат обувките пред да влезат во училниците.
Од Институтот за јавно здравје информираат дека до почетокот на учебната година инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Просветниот инспекторат ќе проверуваат на какво ниво е хигиената во училиштата.
– Вирусот ќе се искорени само со одржување на личната хигиена. Не постои волшебно стапче, мерка со која ќе кажеме дека од утре ќе се искорени болеста – предупредуваат експертите.
Нагласуваат дека болеста не се пренесува преку водата за пиење, туку преку контакт и затоа апелираат граѓаните почесто да ги мијат рацете.
До синоќа во државата се регистрирани вкупно 119 заболени од жолтица. Од нив, 83 се од Скопје, а 36 во Штип. По некој поединечен случај е евидентиран и во Гостивар и Куманово.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*