Home / Градска хроника / Здружението “За чист воздух во Битола“ утре ќе протестира

Здружението “За чист воздух во Битола“ утре ќе протестира

Иницијативниот одбор “ Битола сака чист воздух “ кој во меѓувреме прерасна во Здружение на граѓани, за утре, 4 Ноември, денот кога Битола го слави својот 70 годишен роденден најави низа активности.

Покрај свеченото отворање на седиштето на Здружението и отворањето на изложбата на фотографии за загадувањето во Битола, полагањето на цвеќе пред расипаната мерна станица за мерење на загадувањето во Битола, Здружението “ За нас се работи “ денеска го најави својот прв протестен митинг, кој според изјавите на првите луѓе на Здружението ќе започне од пред споменикот на Стив Наумов и ќе се движи до Народниот театар, каде што вечерта во 19 часот е закажано свеченото доделување на четвртоноемвриските награди.

protest

На прашањето на новинарите зошто токму утрешниот ден е одбран за протестирање од страна на Здружението одговорија дека сега, кога Битола се гуши во нечист воздух не е време за славење, туку за протестирање.

Инаку,  во пресрет на утрешниот протест денеска со прес- конфернции се јавија и лидерите на политичките партии СДСМ, Васко Ковачевски и лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Зоран Илиоски, кои “ дебатираа “ околу пратеничкото прашање што Илиоски го постави на последната седница на Собранието на Македонија околу загадувањето на Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*