.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Земјоделците од пелагонискиот регион на едукација за ИПАРД програмата

Земјоделците од пелагонискиот регион на едукација за ИПАРД програмата

Во  општина Новаци беше организирано предавање и советување за ИПАРД програмата 1 и 2,начинот на аплицирање и искористување на овие фондови од страна на претставници од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на Република Македонија.

На обуката присуствуваа градоначалникот на општина Новаци ,Лазар Котевски, претседателот на сојузот на земјоделци Вељо Тантаров,претседателот на УО на МЗШВ проф. д-р Стевче Пресилски, раководителот на П.Е на МЗШВ во Битола Илија Србиновски и многумина  земјоделци.

-Оваа обука е доста корисна за земјоделците и тоа не само од општина Новаци туку и од целиот регион. ИПАРД програмата е доста корисна бидејќи располага со многу финансиски средства кои нашите земјоделци ќе можат да ги искористат за унапредување на своето земјоделско производство,нивна модернизација и слично. Денеска им беа доделени формулари за аплицирање кои исто така можат да се најдат на веб страната на министерството а им беше објаснет и начинот  на аплицирање. Обуката беше доста корисна бидејќи се овозможи дискусија а беа поставени многу прашања од страна на земјоделците- рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Парите од ИПАРД Програмата се наменети за инвестиции на земјоделските стопанства за преструктурирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската унија, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи со нивно преструктурирање и надградба за достигнување стандардите на ЕУ и диверзификација и развој на руралните економски активности.

К.Ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*