Home / Вести / Зголемен бројот за субвенционирано снабдување со струја од 1 јануари 2023 преку ЕСМ продажба, тече рокот за снабдување од 1 февруари 2023

Зголемен бројот за субвенционирано снабдување со струја од 1 јануари 2023 преку ЕСМ продажба, тече рокот за снабдување од 1 февруари 2023

Од 1 јануари 2023г ЕСМ Продажба го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија по одлуката на Владата како антикризна мерка, кое почна во декември 2022г.

За снабдување по пониска цена од 1 јануари дополнително се вклучени 65 училишта (сега се вкупно 374), 57 фирми од прехранбената индустрија (сега се вкупно 244) и 6 водостопански претпријатија (сега се вкупно 57) .

Со тоа, вкупниот број на субјекти кои ги снабдува ЕСМ Продажба по оваа владина одлука изнесува 675.

Во нив, потрошувачите од прехранбената индустрија добиваат електрична енергија по 80е/MWh, а училиштата и водостопанствата по 95е/MWh.

До 20 јануари е рокот за пријавување за снабдување од 1 февруари 2023г, за субјектите кои од различни причини досега не поднеле документи или поднеле некомплетни документи за субвенционирано снабдување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*