Home / Спорт / ЗК Пелагонија достави понуда за купување на ФК Пелистер!?

ЗК Пелагонија достави понуда за купување на ФК Пелистер!?

Иако засега нема официјална потврда, сепак, според добро информирани извори на порталот на Битолски весник, ЗК Пелагонија деновиве до Комисијата за млади и спорт доставило официјална понуда за купување на фудбалскиот клуб Пелистер.
Засега не се познати условите под кои ЗК Пелагонија има намера да го купи Пелистер.
Доколку до општината веќе стигна понудата за купување на Пелистер, во тој случај деновиве сигурно ќе се забрзаат активностите за неговата продажба.
Продажбата на фудбалскиот клуб Пелистер е важна не само за решавање на сопственичката структура на клубот и неговото натамошно финансирање, туку според изјави на порталот на Битолски весник од продажбата на Пелистер зависи во голема мера и судбината на ракометниот клуб Пелистер, кој до 20 септември мора да се трансформира за да се реши неговиот статус, а со тоа да се знае и неговата натамошна судбина.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*