.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Култура / Златна камера 300 за филмот “Племето“ на авторот Валентин Васјанович

Златна камера 300 за филмот “Племето“ на авторот Валентин Васјанович

Со доделувањето на наградите, вечерва беше спуштена завесата на јубилејното, 35-то издание на “Браќа Манаки” кое според сите оценки беше едно од најуспешните изданија досега.

“Златна камера 300” жири- комсијата едногласно му ја додели на Валентин Васјанович за филмот “Племето” кој беше оценет како совршен пример за суптилно надополнување на сценариото, режијата, монтажата и глумата и е еден свеж кинематографски пристап.

Авторот на филмот преку видео-јавување се обрати на публиката изјави дека му е чест што прима награда на “Браќа Манаки”.

-Би сакал милион пати да се заблагодарам на фестивалот, жирито и јавноста. Денес сум најсреќниот човек на светот- истакна Васјанович  добитник на највисоката награда Златна камера 300 на Филмскиот фестивал “Браќа Манаки“.

“Сребрена камера 300” му беше доделена на   полско-данскиот филм “Ида” на авторите Ричард Ленчевски и Лукаш Зал, заради тоа што и дадоа на публиката неверојатно воздржан и чувствителен портрет на една млада жена која се обидува да го разоткрие сопствениот идентитет.

“Бронзената камера 300“  отиде за британскиот ’71” на Ентони Тат Редклиф заради мајсторскиот еклектичен кинематографски пристап во овој филм кој создава автентична атмосфера на мноштво спротивставени тензии во конфликтниот период во Северна Ирска во раните 1970-ти.”, изјави жирито.
Редклиф утрината ја напушти Битола заради свадбата на неговата сестра пред да си замине даде изјава пред фестивалската камера со наградата во своите раце.
– Многу сум почестен што ми ја доделувате оваа награда. Навистина е привилегија да се добие оваа награда на ваков реномиран фестивал. Ви благодарам многу, поминав една незаборавна недела, сретнав прекрасни, многу инспиративни луѓе и заминувам од овде со убави спомени од мојот прв, но се надевам не последен престој на Браќа Манаки.

IMG_2226

Веднаш потоа на македонскиот режисер Милчо Манчевски, кој постави нови стандарди во авторскиот филмски пристап и ја впиша Македонија на светската филмска мапа, од страна на Роберт Насков, претседателот на Друштвото на филмски професионалци на Република Македонија, му беше доделена “Големата ѕвезда на македонскиот филм“. Манчевски имаше петминутен аплауз, и овации од публиката,  по што направи римејк на антологиската сцена од “Пред дождот“ со прстот на уста и рече едно кусо „Благодарам.” Интересно е што Манчевски во раката носеше стар примерок од англиското издание на вестерн романот “Команчи Месечина“ од Лари Мекмертри.

Пред многубројната публика се обратија градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески и Гермат Раш, главен маркетинг директор на ВИП оператор, кои ја истакнаа важноста на Фестивалот за културата во Битола и во Македонија.

IMG_2160

Жирито во главната конкуренција беше во  состав Гиора Бејач, Срѓан Драгоевиќ, Ребека Толи, Симон Таншек, Лазар Секуловски.

IMG_2126

 

IMG_2088

На вечерашното затворање на “Браќа Манаки“  беше премиерно прикажан филмот “Деца на сонцето“, по што се поклони целосната екипа на филмот, и воедно бе спуштена завесата на можеби најкомплетното, јубилејно издание на Фестивалот „Браќа Манаки”.

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*