.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Култура / „Златна камера 300“ за животно дело за холандскиот кинематографер Роби Милер

„Златна камера 300“ за животно дело за холандскиот кинематографер Роби Милер

Холандскиот и светски познат кинематографер Роби Милер (1940) е добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на 37. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој ќе се одржува од 10-ти до 17 септември во Битола.

Одлуката за наградата денеска на прес-конференција ја соопшти новиот директор на фестивалот Благоја Куновски-Доре, кој рече дека со неа „Браќа Манаки“ на најдобар можен начин ќе го прослави и круниса извонредниот креативен и уметнички опус на еден од најголемите директори на фотографија кој, како што рече, е еден од десетте великани-кинематографери  на сите времиња.

 

За филмот „Спроти брановите“ во режија на Ларс фон Трир пред две децении  во Битола Роби Милер ја доби Бронзената камера 300, а во  2002 година, на 23. ИФФК, ја доби Специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Тогаш беше и претседател на жирито за доделување на наградите на филмовите кои беа во натпреварувачката програма.

 

Од 2010 Милер е врзан за инвалидска количка, не е во состојба да патува и затоа нема да дојде во Битола. За отворањето на фестивалот во Битола е поканета неговата сопруга Андреа, а статуетката на Роби Милер на 3 јуни ќе му ја врачи директорот на ИФФК Куновски во Амстердам.

Таму, во Eye Film Institute, идниот петок ќе биде отворена тримесечна ретроспективна изложба „Мајстор на светлината“ на која ќе биде претставен опусот на Милер, соработки со филмски автори низ фотографии, видеа и инсталации.

 

Роби Милер има снимено над 80 филма и 15-ина ТВ-филмови. Најмногу сорабтувал со режисерот Вим Вендерс, чиј прв долгометражен филм „Summer In The City“ го снимил  1969 година. Во нивната долга и плодна соработка се и насловите „The Goalkeeper Fear Of The Penalty“, „Alice In The Cities“, „Paris, Texas“ – награден со Златна палма во Кан во 1983 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*