Home / Вести / Џафери и кинескиот амбасадор на примопредавањето таблети, донација од Кина

Џафери и кинескиот амбасадор на примопредавањето таблети, донација од Кина

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, и амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е. Жанг Ѕуо, донираа 82 таблет-уреди за децата од ООУ „Крсте Петков Мисирков“ и подрачните училишта во с. Кишава, Битола.

Активноста е резултат на посредувањето и отворената комуникација, како и континуираната и блиска соработка на Собранието и Амбасадата, особено на претседателот Џафери со амбасадорот Ѕуо во текот на целиот негов мандат и на чијашто иницијативата се реализира доделувањето на оваа донација во висина од 10.000 долари за Република Северна Македонија.

Претседателот во своето обраќање пред децата и наставниот кадар истакна дека пандемијата од Ковид-19 покажа дека иако институциите се еден чекор напред при планирањето на активностите, одредени предизвици доаѓаат ненајавено. Таков пример е потребата од следење на онлајн настава за децата, особено на децата од ранливи категории, кои благодарение на несебичното залагање на наставниците во изминатиот период успеаја да постигнат одлични резултати. Иако донацијата се реализира при крајот на учебната година, претседателот Џафери истакна дека таблет-уредите ќе може да се користат и идната година, иако искрено се надева дека поради имунизијата на населението учениците ќе се вратат во своите клупи со што овие уреди ќе може активно да се користат како нагледни средства и алатка за истражување и постигнување на уште подобри резултати.

Амбасадорот Ѕуо ја истакна долгогодишната блиска соработка со претседателот Џафери и повеќедимензионалната парламентарната соработка меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина. Неговата Екселенција се осврна на донацијата од 300.000 дози на вакцини „синофарм“ од Кина, а конкретен резултат на таа соработка е и денешната донација на таблетите. Им честиташе на учениците и наставниците за успешното справување со предизвикот онлајн настава и изрази надеж дека оваа донација дополнително ќе го олесни процесот на совладување на наставниот материјал за учениците идната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*