.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Јавен адвертајзинг – Битолска иновативна ИТ компанија која воведе смарт уреди и систем за Паметно живеење и работење

Јавен адвертајзинг – Битолска иновативна ИТ компанија која воведе смарт уреди и систем за Паметно живеење и работење

Јавен Адвертајзинг во целост ја поткрепува својата награда како најуспешна компанија од областа на Информатиката добиена на манифестацијата Најуспешни битолчани.

Освен големиот број на информатички обуки што ги нуди, како и развивањето на комплексни софтверски и веб решенија на домашен и странски пазар, Јавен Адвертајзинг во Новата година влегува со единствено иновативно решение на македонскиот пазар наменето за целосна автоматизација и контрола во домовите и работните простории.

Се работи за системот под брендот СИНЕРГИЈА кој вклучува уреди, сензори и нивна конфигурација со цел автоматизација на сите електрични уреди, апарати, опрема, осветлување, греење/ладење во домаќинствата или деловните објекти.

Тоа значи дека корисниците ќе имаат целосен пристап до сите уреди преку својот мобилен телефон или компјутер, додека се наоѓаат во своите простории, но и од надвор, од било кое место.

Уредите се од шведско/швајцарската компанија ABB, а целосната конфигурација на уредите се прави од страна на Јавен Адвертајзинг, која е и единствена компанија во нашата земја која го презентира и нуди ова решение. 

Со решението СИНЕРГИЈА, корисници имаат заштеда на електрична енергија, контрола врз се што се случува во нивните простории, а воедно тие се и целосно дигитализирани со цел да имаат „паметно“ и напредно работење и живеење.

Уредите и како истите функционираат може да се видат во новите простории на Јавен Адвертајзинг каде прв пат во нашата земја може да се види ShowRoom односно соба за презентација, со цел на заинтересирани корисници да им биде прикажано решението и смарт уредите, и да може да ги согледаат придобивките од користењето на истите. 

Какво решение ќе биде инсталирано, зависи од потребите на клиентот, односно што тој сака да дигитализира, автоматизира и контролира. Во деловни простории може да бидат комјутерите, телевизорите, системите за греење и ладење, осветлувањето, машините и различните електрични уреди и опрема.  Додека, за домаќинствата може да се контролираат сите апарати за домаќинство, како и потрошувачката на електрична енергија од најразлични уреди.

Цело ова решение оди во пакет и со Smart Assistant – мини робот со цел олеснување на секоја активност на човекот во текот на работењето и живеењето.

Задоволството е големо што токму битолска компанија предводи во целосна дигитализација во секојдневното функционирање на луѓето, а со тоа прави и импакт врз размислувањето на луѓето и фирмите да почнат да ги автоматизираат сите процеси на работење и живеење. 

Воедно, Јавен Адвертајзинг преку веб страната sinergy.com.mk нуди можност да се закаже презентација на системот и да се има едно исклучително дигитално доживување со цел согледување на врвен напредок во технологијата, но и целосна контрола врз уредите кои ги користиме во нашето секојдневие. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*