Home / Uncategorized / ЈП “ Пазари“ Битола ќе произведува струја

ЈП “ Пазари“ Битола ќе произведува струја

                                

ЈП “Пазари“ Битола во иднина  преку фотоволтаици ќе обезбедува енергија.

Ова денеска беше соопштено на прес конференцијата која ова јавно претпријатие ја организра со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

– ЈП “Пазари“  деновиве  целсно го заокружи проектот за  производство на електрична енергија. Ова е најдобар доказ дека јавните претпријатијата се движат во насока на домаќинско работење на заштеди, кои што понатаму можат да се имплементираат во проекти и зафати кои што значат за заштита на животната средина, истакна градоначалничката на Битола, Натша Петровска.

-Среќен сум што ние сме прво јавно претпријатие во државата кое што направило фотоволтаична централа. Тоа е  вистинско решение и соодветна замена за енергијата од фосилните горива кои ни предизвикуваат бројни еколошки и здравствени проблеми. Инвестицијата изнесува  1.100 000 ден.без ддв , а ќе произведуваме максимум 20KW колку што е максимално дозволено за правни лица за сопствени потреби.

 Со оваа инвестиција значително ќе се намалат трошоците на јавното претпријатие  Ова е четврт последователен проект реализиран од ЈП Пазари за 2019 год. Претходно беа поставени нови лед сијалици во Градскиот пазар, во управната зграда е монтиран нов систем за греење на пелети како и промена на дограмата на дуќаните.

Во наредната година ќе се реновира фасадата и дограмата на управната зграда со сопствени средства, одобрението е веќе добиено од Управата за културно наследство, исто така и ренот „бижутерија“ каде што во моментов седиме ќе биде целосно направен со воодовод, одвод, електрика, партнерно уредување, покривање, нови тезги и урбана опрема. Проектот ќе биде реализиран со помош на Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска како и со средства од Агенцијата за финансирање на земјоделието како што аплициравме заедно со Општина Битола преку ИПАД 2 проектот, а финансиската конструкција е заокружена на  250 000 евра, рече Владо Атанасовски, директор на ЈП „Пазари“-Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*