Don't Miss
Home / Uncategorized / 13 лица во Битола во домашна изолација,ги обезбедува полицијата

13 лица во Битола во домашна изолација,ги обезбедува полицијата

Полицијата обезбедува 173 лица само во Скопје, кои се во домашна изолација. Во изолација се и жители на Тетово, Охрид, Битола, Куманово, Струмица.

Досега исконтролирана е работата на 243 угостителски објекти, за кои според мерките од Владата има посебни правила на работа.

Ова на прес-конференција го соопшти техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, информирајќи дека поднеле и две кривични пријави за лица од Струмица и Тетово кои наместо во самоизолација, ги напуштиле своите домови.

– СВР Битола обезбедува 13 лица кои се во домашна изолација. Во Тетово 16 лица се обезбедуваат кои исто се во домашна изолација, при што е забележано едно прекршување на мерката за што е запознаено ОЈО Тетово и се работи на расчистување на случајот. СВР Охрид спроведува мерка за 82 лица кои се под здравствен надзор и домашна изолација, а контролирани на територија на СВР Охрид се вкупно 131 угостителски објект. СВР Струмица обезбедува 12 лица кои се под мерка здравствен надзор, едно лице ја прекршило забраната за што се превземени мерки од полицијата и е поднесена пријава до Обвинителството. СВР Куманово обезбедува шест лица од кои поради место за престој две се на територија на СВР Скопје. СВР Куманово изврши контрола на 40 угостителски објекти и не е утврдено прекршување. СВР Штип обезбедува осум лица кои се под мерка домашна изолација – соопшти министерот за внатрешни работи.

Најави и ригорозни контроли за сите кои се во самоизолација, со цел да се провери дали ја почитуваат мерката.

– МВР ќе спроведува ригорозни контроли за да се утврди дали лицата кои имаат ваква наредба истата ја почитуваат. Доколку се утврди непочитување, тогаш ќе биде поднесена соодветна пријава по член 205 и 206 од Кривичниот закон, а тоа се пренесување на заразна болест и непостапување на здравствени прописи во време на епидемија – рече Чулев.

Тој инфрмираше дека МВР отстапило возила за армиските службеници за да постапуваат во кризните региони.

Чулев кажа дека било асистирано и за спроведување на странски државјани кои биле заглавени на странски територии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*