Home / Uncategorized / Владата го усвои предлог законот за амнестија

Владата го усвои предлог законот за амнестија

Владата информира дека на денешната седница го разгледала и го усвоила предлог – законот за амнестија. Таа го задолжила Министерството за правда да го преработи текстот на предлог – законот за амнестија, како текст на предлог – закон кој се носи во редовна постапка и да предвиди одредба со која ќе биде дефиниран датумот, дека тој ќе се однесува за кривични дела предвидени со одредбите од овој предлог – закон сторени до 20 септември 2017 година.

„Владата ја истакна потребата од организирање на јавна расправа и отворена дебата на оваа тема и го задолжи Министерството за правда истите да ги организира по текстот на одредбите од Предлог – законот, и пред Владата да достави нов пречистен и усогласен текст на Предлог – законот за амнестија, откако ќе измине периодот на консултации и откако ќе завршат јавните расправи и отворени дебати“,соопшти владината служба за информирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*