Home / Uncategorized / 17.600 граѓани аплицирале за отпис на долговите

17.600 граѓани аплицирале за отпис на долговите

Заклучно со денешниот ден до центрите за социјални работи се доставени 17.600 барања од граѓаните од социјално ранливи категории за отпис на долгови за струја, парно и радиодифузна такса.
Министерот за финансии, Зоран Ставрески, на денешната прес- конференција изјави дека има висок степен на интерес на граѓаните за овој проект и очекува до 12 октомври, до кога трае пријавувањето, да има значителен број граѓани кои дополнително ќе достават барања.
– Тоа значи дека ќе се исполнат очекувањата за масовен одѕив на граѓаните кои спаѓаат во соодветните категории – рече денеска Ставрески на потпишувањето на договорите со доверителите кои се вклучија во мерката за отпис на долговите.
Со оваа мерка се опфатени приматели на социјална помош, невработени лица подолго од 12 месеци кои активно бараат работа и лица кои поради смрт или тешка болест во семејството не можеле да ги отплаќаат своите обврски. Се отпишуваат долгови направени заклучно со 31 декември 2013 година.
Дали ваквиот масовен одзив на граѓаните на Македонија за отпис на долговите зборува за големиот интерес на граѓаните, или за огромната сиромаштија во државата е прашање кое засега нема одговор.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*