Home / Uncategorized / Ќе се залагам за помалубројна Влада и Парламент

Ќе се залагам за помалубројна Влада и Парламент

Доколку бидам избрана за претседател на Република Македoнија прво
што ќе направам ќе биде да се откажам од привелeгиите на претседателот, за помалубројна, но поефикасна Влада, како и помалуброен Парламент, рече на вечерешниот предизборен митинг во Битола, кандидатот за претседател Горадана Сиљаносвака-Давкова.

Давкова задржувајки се на настаните од 27 април, истакна дека таа ги
осудува сите кои го прекршиле законот, но и против селективната амнестија на одредени лица, кои беа ослободени од притвор да гласаат за уставите измени, а подоцна и целосно ослободени, иако беа обвинети за исти кривични дела за кои некои издржуваат казна затвор.

Сиљановска зборувајки за Преспанскиот договор истакна дека е
донесен надвор од Уставот и дека меѓународните договори мора да се
почитуваат само доколку се донесени согласно Уставот, а Преспанскиот договор не е донесен согласно највисокиот правен акт на државата бидејќи истиот го потпишува претседателот на државата а не Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*