.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Шаховска табла без шаховски фигури

Шаховска табла без шаховски фигури

              

Пред неколку дена за љубителите на шахот во Центарот на Битола, до “Јени Џамија”  беше изградена шаховска табла.

Донацијата  на шаховската маса е  на
“Иутекредит” Македонија, филијала Битола.

На промоцијата на шаховската  табла први заиграа шах градоначалничката  на Битола, Наташа Петровска и преставничката на “Иутекредит” Јасмина Апостоловска.

-Со донацијата сакаме да ја разубавиме средината во градовите каде што имаме експозитури, но и онаму каде што немаме. Срекни сме што Општина Битола ја прифати донацијата, а локацијата на која што е поставена е одлична и се надевам дека многу минувачи и граѓани на Битола тука ќе поминуваат убави моменти, изјави  на промоцијата на шаховската табла  Јасмина Апостоловска, раководителка на Одделот за маркетинг во “Иутекредит” Македонија.

За поставувањето на шаховската маса градоначалничката на Битола, Наташа Петровска изјави:

-Во животот убавите нешта лежат во едноставните работи како што е ова денес, кое што и тоа како ја збогатува можноста на граѓаните навистина да уживаат во ладовината и во играта која што е овозможена во овој простор, каде што веке имаше ваква маса, но забот на времето си го направи своето. Кога зборуваме за урбаната средина, не се важни само големите инфраструктурни зафати. Битни се и ваквите елементи кои што му даваат душа на се друго што правите, рече градоначалничката, Наташа  Петровска.

Но за жал по  промоцијата на шаховската табла еднставно таа е нефункционална и никој не игра шах, бидејќи нема шаховски фигури.

Денеска забележавме како двајца битолчани, љубители на шахот сакаа да играат шах но никако не можеа да ги најдат фигурите.

-Каква е оваа шаховска табла без фигури. Се отепавме од барање, а нив никаде ги нема.Дали некој ги украде или ги однесе дома не знаеме, ни рекоа нашите соговорници, кои иако сакаа да изиграат една партија шах тоа не можеа да го направат бидејки на масата едноставно немаше шаховски фигури.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*