Home / Градска хроника / 365 дена грижа, Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ -Битола во предновогодишна хумана акција

365 дена грижа, Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ -Битола во предновогодишна хумана акција

Под мотото, топла прегратка и срдечни зборови се одвиваше посетата на Унијата на жени при Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ – Битола на Домот за стари лица „Сју Рајдер” Битола.

-Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ – Битола, традиционално пред новогодишните и божикните празници, на денот на заштитникот на Битола, “Св. Нектариј Битолски“  ја реализираше оваа посета, чија цел е дружењето и посветеното внимание кон штитениците на оваа установа, изјави претседателката д-р Анита Ангелевска.

sju rajder 3

Покрај заштита на националниот идентитет и суверенитетот на македонскиот народ, осигурување слобода на секој поединец во оштеството-заедницата и негов развој без никакви прердрасуди, како и зачувување на културните, научните и природните богатства на Република Македонија – согласно програмските начела на ВМРО ДПМНЕ, темел на дејствувањето на Унијата на жени на ВМРО- ДПМНЕ е обезбедување достоинствен живот за сите луѓе во земјата.

sju rajder

-Особено ние жените мораме да бидеме носители и движечката сила на нови идеи, програми, стојалишта кои успешно ќе ги решаваат акутните прашања, а првенствено да бидеме хумани и да даруваме внимание, љубов и несебична поддршка – потенцираше претседателката на Унијата на жени при ОК ВМРО ДПМНЕ – Битола, д-р Анита Ангелевска.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*