Home / Култура / 70 години храм на културата! Среќен роденден БНТ!

70 години храм на културата! Среќен роденден БНТ!

На 14-ти ноември 1944 година е основан Битолскиот Народен театар. По тој повод, утре ќе се одржи централната свеченост по повод 70- роденден на храмот на културата и уметноста во Битола.

Верната публика и вистинските вљубеници во театарската уметност ќе имаат можност ретроспективно да се потсетат на далечната 1944 година кога театарот во Битола почна со работа и со изведба на претстави на македонски јазик.  На сцената ќе бидат изведени музичко- сценски точки во изведба на актерите на Битолскиот Народен театар.

Од Народен театар-Битола информираат дека во годината на седумдеценискиот јубилеј, но и следната, на матичната сцена, најголем репертоарски простор ќе остават за македонските автори и режисери, а ќе се посветат и на високо квалитетни меѓународни проекти.

Професионалниот театар со работа официјално започнува на 14 ноември 1944 година, изведувајќи ја едночинката на Владо Малески – Петтоимениот Ѓоре.
Овој датум се смета за ден на основање на Народниот театар Битола.

Првите членови, основачи на Битолскиот театар се врвните актери: Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко.

Битолскиот Народен театар отсекогаш важел за расадник на најдобрите актери во државата. Театарски работници кои со нивните актерски успеси ја афирмираа не само Битола туку и Република Македонија.

БНТ е бренд на Битола кој на најдобар можен начин го афирмира градот низ целиот свет.

Среќен роденден БНТ!

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*