Don't Miss
Home / Вести / Стартува фстивалот “ Браќа Манаки “

Стартува фстивалот “ Браќа Манаки “

Вечерва во Битола на свечен начин ќе биде отворено 41 издание на интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, кој годинава поради пандемијата од ковид-19 ќе трае само еден ден.
Свеченото отворање, на кое според протоколот ќе можат да присуствуваат само 80 гости е закажано во Пациото на Музејот на Битола.
– Основен мотив за оваа одлука е зачувувањето на здравјето на нашата публика, гостите и филмските работници во непредвидливата ситуација со пандемијата и негативниот ефект што оваа состојба ни го наметнува во сите сегменти на нашиот социјален живот – велат од Фестивалот.
Инаку централниот настан ќе трае околу еден час и со него ќе бидат опфатени поздравните обраќања на претседателот на државата, Стево Пендаровски, покровител на настанот, градоначалничката Наташа Петровска, амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, претседателот на ДФРМ Игор Иванов, и Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот. Се очекува да присуствува и министерката за култура, Ирена Стефоска.
На фестивалот преку видеоврска обраќање ќе има добитникот на „Златната камера 300 за животен опус“ Јануш Камински.
На режисерот Столе Попов ќе му биде врачена наградата што ја доделува ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*