Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Битола, Христо Кондовски оствари средба со Здружението на слепи лица.
„Да се одигра партија шаx со лицата со оштетен вид е прилика да се слушнат нивните барања и проблеми со кои се соочуваат во секојдневието.
Со Претседателот на Здружението на слепи лица, Стевче Костадиновски, разговаравме за потребата од доопремување на Ресурсниот центар во Битола со компјутер и печатар со Брајово писмо, специјално наменето на лицата со слаб вид, како и за унапредување на условите за движење и превоз.
Да не целиме веќе кон минимални, туку максимални европски стандарди кои ќе го унапредат квалитетот на живот на оваа категорија граѓани!“-изјави тој по средбата.