Home / Uncategorized / АД ЕЛЕМ:Тендерот сеуште не е завршен

АД ЕЛЕМ:Тендерот сеуште не е завршен

За тендерот за набавка на гумени траки за РЕК-Битола, досега се одржани две аукции, на кои, бидејќи набавката е поделена на три дела, најповолна цена понудиле три фирми, меѓу кои и Фероинвест. Аукциите потоа се поништени по жалби од други учесници во наддавањето, така што следната недела ќе се одржи нова аукција за овој тендер, информираат од ЕЛЕМ.
„Постапката за сегашниот тендер е почната во текот на мандатот на претходното раководство на АД ЕЛЕМ. Првата електронската аукција е одржана и поништена во текот на тој мандат, втората е одржана и поништена по доаѓањето на новото раководство, а следната недела ќе се одржи јавно наддавање по трет пат. Тоа значи дека повторно сите заинтересирани фирми ќе учествуваат во аукцијата за овој тендер.Што се однесува до интересот на јавноста за споменатото правно лице од Р.Македонија, сакаме да информираме дека за тоа лице претходното и сегашното раководство првично утврдиле дека има дадено најповолна цена само за еден дел од пакетот за набавка на гумени траки , а за другите два дела од пакетот раководството на АД ЕЛЕМ утврдило дека најповолни понуди дале правни лица од Бугарија и од Полска“, се вели во информацијата од ЕЛЕМ.
Фирмата Фероинвест и во изминатите години, во одредени периоди, набавувала дел од потребната количина на гумени траки за РЕК-Битола, услуга која што ја извршувале и други фирми од земјата и одстранство.
„Тендерот не е завршен, двете досега одржани јавни аукции, после кои се утврдени фирмите кои дале најниски цени- се поништени по жалби на другите конкуренти, и дека следната недела ќе се одржи ново наддавање’, вели ЕЛЕМ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*