Home / Вести / АД ЕСМ – општествено одговорна компанија

АД ЕСМ – општествено одговорна компанија

АД ЕСМ го доби признанието во категоријата “Општествена одговорност” на Манифестацијата “Најуспешни битолчани за 2019 година” што се одржа во организација на Битолски весник, најстариот локален весник во земјава. Манифестацијата требаше да се одржи во февруари, но беше одложена заради ковид пандемијата и истата се одржа викендов во Битола, согласно сите протоколи пропишани од здравствените власти.


Наградата во име на компанијата, ја прими генералниот директор, м-р Васко Ковачевски.
АД ЕСМ во текот на 2019 година финансиски помогна бројни културни настани, меѓу кои, ИФФК Браќа Манаки, Охридско лето, Галичка свадба..
Донираше во основни и средни училишта, факултети…
Помогна десетици здруженија, организации, поединци од различни области.


Не ги запостави барањата ниту на спортските клубови.
На крај, од сопствени средства одвои 10 милиони евра за инвертер клими во неколку најзагадени градови во Северна Македонија.


АД ЕСМ се води од девизата “Општествената одговорност не е трошок, туку е инвестиција” и ќе продолжи и во иднина да ја помага заедницата бидејќи тоа е интерес и долгорочна цел на компанијата !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*