Home / Вести / АД ЕСМ потпиша договор за топлификација на Битола

АД ЕСМ потпиша договор за топлификација на Битола

                       

АД ЕСМ потпиша договор за реализација на проектот Топлификација на Битола, Новаци и Могила, кој во првата фаза чини 34 милиони евра.

Економскиот оператор RBA Конзорциум набрзо ќе почне со изградба и поставување на цевките.

-По 40 години постоење на РЕК “Битола“ и децениско размислување за реализација на овој проект, за само неколку години стигнавме до потпишување договор, а за кратко време и почеток на изградбата на топловодот од РЕК “Битола“ до градот Битола. На овој начин жителите на Битола, Новаци и Могила ќе добијат парно греење, како најблиски населени места кои гравитираат околу комбинатот.

АД ЕСМ сега го направи проектот Топлификација економски исплатлив, што претходно истиот не беше. Со предвидената изградба на когенеративната гасна електрана која ќе произведува и електрична и топлинска енергија и која ќе биде замена за два блока на јаглен во РЕК “Битола“, се прави инвестицијата во топловодната мрежа да биде економски оправдана во иднина, затоа што претходно не беше јасно што ќе биде со топловодната мрежа кога РЕК “Битола“ ќе згасне ваков каков што постои, односно на јаглен, се вели во соопштението на АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*