Home / Uncategorized / Адора со пријатно изненадување за купувачите:Подарок комплетна кујна

Адора со пријатно изненадување за купувачите:Подарок комплетна кујна

 Сите купувачи на дом во новиот урбан симбол на Скопје, атрактивниот комплекс Адора Флатирон, од денес до 31 октомври, по повод Саемот за градежништво и недвижности Реалеџпо 2018, од Адора инженеринг ќе добијат вреден и корисен подарок, комплетно опремена, модерна кујна и целосно решение за внатрешното уредување на станот од архитект во компанијата.

Купувачите на дом во Адора Флатирон, со уплатено учество од 15 % и склучен преддоговор за купување на станот, ќе добијат кујна, дизајнирана по нивна желба, со избор на боја и материјал, со сите квалитетни, бренд апарати за опремување со бела техника. Дополнителен саемски подарок од Адора инженеринг годинава е комплетно изготвено 3Д решение за внатрешното уредување на купен стан во Адора Флатирон од дипломираниот архитект Ирена Граорковска, која своите креативни идеи ги развива и реализира во праксата во оваа овој градежен бренд, во рамките на програмата за поддршка на младите талентирани луѓе од различни професии.

Адора инженеринг традиционално и годинава ќе се претстави на оригинално дизајниран штанд на Саемот за градежништво и Реалеџпо 2018, кој ќе се одржи во монтажните хали на паркингот кај Спортскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје од 24 до 28 октомври и ќе биде отворен за посетителите од 10 до 18 часот. Градежната компанија што 16 години е предводник во високоградбата во Македонија и лидер во примена на иновациите и современите светски стандарди за висок квалитет и стил во домувањето, има постојана грижа, изненадувања и награди за своите купувачи, за возврат на нивата доверба.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*