Home / Uncategorized / Аеро загадувањето не е политички проблем

Аеро загадувањето не е политички проблем

                  

Во врска со аерозагадувањето денес прес конференција одржаа младите социјал демократи.

-Денес би сакал да им се обратам на средношколците а во дел и на основците од повисоките класови во училиштата во Општина Битола.

Почитувани средношколци, јас и моите сопартијци ја делиме вашата желба за предводење и предизвикуавње револуција. Да се биде средношколец и да се биде свесен за моќта која ја имаш во твои раце за да го понесеш бранот на промените е навистина револуционерн и за почит.

Оттука го рабирам и вашиот револт затоа што тој е и мој, а и на моите сопартијци, колеги, другари но и на моето семејство. Аерозагадувањето не засега сите, дишиме ист воздух кој е загаден и штетен. Тоа не познава партии на власт или опозиција.

Мојата порака до вас е : бидејќи сте на тој пат и бидејки вие како и ние, сте предводници на иднината, промените кон подобро, подобрување на животниот стандард, не смеете и не смееме да дозволиме да бидеме изманипулирани и да бидеме поттикнати и излажани да учествуваме со дела и акции кои ќе не одвратат од вистинскиот пат – образованието.

Борбата со загадениот воздух започнува токму таму  – училишните клупи. И се води на образован, културен и граѓански начин. Дозволете борбата за справување со аерозагадувањето, која и ние ја водиме секојдневно, да се одвива на начин на кој му доликува на битолчани- достоинствено, мирно и разбрано и секако, според начелата на здраво општествено уредување, преку институциите на системот.

Политичките партиски ривали тоа го знаат многу добро, затоа немој да дозволите да манипулираат со вас за свое политикантство, ефтино партиско профитерство, лајк повеќе на социјалните мрежи.

Кога проблемот е на сите, со него мора да се соочиме заедно а не одделно. Воздухот во Битола е загаден и тоа е факт! Но исто така е факт дека оваа власт тоа го признава и превзема мерки кои се во согласност со законите и владеењето на правната држава како и добросостојбата на граѓаните, и ќе го повторам ставот, нема да речам затоа што некој декада не презеде ништо, а можеше.Решението на секој проблем е кога ќе се констатира дека него го има. А го има. И работиме на негово решавање и фронтот овој пат не е улицата и протестите, не е власт и опозиција, не се залудно изгубените часови. Овој пат мора да се бориме заедно преку институциите на ситемот против аерозагадувањето, и нема политичар ни научник кој ќе вети негово брзо решавање, но барем мерките кои се преземаат да се долгорочни и ефикасни.

Аерозагадувањето не е политички проблем туку проблем на општеството а општеството сме сите ние – затоа да го решиме на правиот начин – а правиот начин започнува со нашето обединување пред проблемот, изјави претседателот на СДММ Битола – Петар Николовски на денешната прес конференција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*