Home / Македонија / Ахмети: ДУИ победи, Албанците изгубија мандати

Ахмети: ДУИ победи, Албанците изгубија мандати

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на  прес-конференција во Тетово нагласи дека го радува фактот што изборите поминаа мирно, без проблеми, што според него, значи дека земјава оствари голем напредок и зрелост околу организирањето на слободни избори.

– ДУИ секогаш апелирал кај својот електорат, кај Албанците и од нив барал да не се парцијализираат, партизираат во мали партии, бидејќи ќе бидат губитници. Секогаш ги повикувавме малите партии да бидат заедно, да го победат ДУИ, а да не изгубат Албанците. Со гнев велам дека Албанците изгубија мандати. ДУИ победи на избори, но мене секогаш ме интересирало да победат Албанците во прв ред, и не ме радува победата на ДУИ. ДУИ ќе остане одлучна во правец на одбрана на нејзината доктрина, која ја претстави пред Албанците во земјава – изјави Ахмети.

ДУИ, потенцира Ахмети, ќе работи во правец земјата да оди напред, кон целосна стабилизација.

– ДУИ нема да го смени курсот и силно ќе работи тој курс да заживее и да се материјализира. ДУИ ќе биде одлучувачки фактор за тоа кој ќе ја земе одговорноста за да управува со процесите. Значи, нема да отстапиме од нашата цел, туку ќе бидеме многу појаки во остварувањето на нашите цели, потенцира Ахмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*