.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Спорт / Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” го организира првиот семинар за лична заштита во Македонија

Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” го организира првиот семинар за лична заштита во Македонија

Со професионалниот пристап кон глобалните акции за подобрување и поголема ефикасност на начините за лична заштита, самоодбрана, едукација и практична примена, Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО” – Битола, согласно својата програма за општествени активности го најавува едодневниот Семинар за лична заштита, прв од ваков вид во Република Македонија.
Семинарот ќе го води меѓународнот експерт за боречки вештини и самоодбрана, Grandmaster Златко Неделковски, а ќе се одржи на 15 март 2015 година во просториите на Академјата во месната заедница “Тодор Ангелевски” – Битола, со почеток од 17:00 часот.
Согласно програмата изготвена од Неделковски, семинарот ќе се состои од два дела, теоретски, на кој ќе се опфатат варијации на начин, комуникација, пристап, препознавање и реализација при конкретни ситуации. Практичниот дел ќе опфати модели на ефикасни реакции во реални ситуации, напад од еден или повеќе напаѓачи, без или со оружје.
Во време кога и пристапот и методите на насилниците следат некој нов светски тренд на измени, сметаме дека е соодветно време и начинот на лична заштита да го адаптираме на реалните ситуации од денешницата, следејќи ги светските стандарди на професионализам.
Повеќе информации во Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО“ – Битола, месна заедница “Тодор Ангелевски”, секој работен ден од 18:00 часот.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*