Home / Uncategorized / Акциска контрола на СВР Битола

Акциска контрола на СВР Битола

Вкупно 40 возачи кои возеле под дејство на алкохол се санкционирани викендов на подрачјето на СВР Битола и СВР Тетово.

На подрачјето на СВР Битола во акциска контрола вкупно беа контролирани 203 возачи, при што се извршени 147 алкотестирања, кај 26 возачи е утврдено присуство на алкохол и се откриени 24 останати прекршоци од ЗБСП.

Во Тетово биле алкотестирани вкупно 47 возачи. Осум од нив управувале под дејство на алкохол и веднаш се исклучени од сообраќај. Во акцијата, исто така, откриени се и 25 други видови прекршоци за истечена регистрација, неатестирани фолии, управување без дозвола и непочитување наредба на полициски службеник. На прекршителите изготвени им се 21 платен налог и четири покани за наплата на глоба.

Во Гостивар вкупно алкотестирани беа 43 возачи, од кои шест биле под дејство на алкохол. При контролата, утврдени се уште 12 други видови прекршоци.

Одземени се 26 возачки дозволи, вкупно издадени се 41 платен налог, 33 возила се исклучени од сообраќај, издадени се четири покани за наплата на казна, а седум возачи се предупредени.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*