Home / Спорт / Алармантна состојбата со РК Пелистер

Алармантна состојбата со РК Пелистер

Состојбата со ракометниот клуб Пелистер, без сомнение најуспешниот спортски клуб на Битола, е алармантна. До 20 септември Пелистер мора да се трансформира, а засега клубот не само што е без спонзор, туку е и без управа. Што ќе стане со РК Пелистер засега никој не знае.
Во моментот, кога очите на спортската јавност во Битола се свртени кон тоа кој ќе го купи фудбалскиот клуб Пелистер, на ракометарите некако како сите да заборавија. А состојбата е драматична.
Неодамна комплетната управа на клубот, на чело со претседателот Сашко Павловски си поднесе оставка и му ги врати клучевите на градоначалникот Владимир Талески.
Во ситуација кога од Централниот регистер беше стопирана приватизацијата на клубот, и спонзорот Силајн Мицевски откажа сам да го спонзорира клубот и побара заедно со градот да се направат напори да се спаси Пелистер.
Во меѓувреме, наводно Силјан Мицевски ја зел ракометната школа на поранешните ракометари Александар Зарков и Иван Марковски и формирал нов клуб “ Еурофарм “ во кој пристапиле некои ракометари на Пелистер и тој клуб, заедно со клубот “Феникс”, веќе се пријавиле за учество во Првата ракомета лига,
Затоа време Пелистер не е ни небо, ни на земја.
Приватизацијата е стопирана, деновите си врват, а Пелистер во моментов не само што нема ни спонзор, туку нема ни управа.
Доколку не се презамет некои конкретни чекори и не се направи се клубот до 20 септември да се трансформира, може лесно да се случи да згасне најтрофејниот клуб во Република Македонија.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*