Home / Вести / Амбасадорот на Словенија во посета на Битола

Амбасадорот на Словенија во посета на Битола

                       

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, имаше работна средба со Милан Предан, амбасадор на Република Словенија во Република Македонија.

На средбата се разговараше на повеќе теми кои се однесуваат на поддршката која ја дава Словенија за нашата држава, a посебно во делот поврзан со подготвеноста за искористување на можностите кои ги нудат Европските фондови.

На средбата посебен акцент, беше ставен на проектните планови во делот на енергетиката и енергетската ефикасност, како и имплементација на проекти кои вклучуваат еднакви можности за мажите и жените, а исто така беа разгледани и други значајни области, важни за граѓаните, како економијата, образованието и културата, во кои постои можност за зајакнување и унапредување на соработката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*