Home / Uncategorized / Амбасадорот на Турција Хасан Мехмет Секизќок во посета на Битола

Амбасадорот на Турција Хасан Мехмет Секизќок во посета на Битола

Денеска во прва работна посета на Битола беше амбасадорот на Република Турција во  Македонија, Хасан Мехмет Секизќок,кој оствари  средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.,

Градоначалничката Наташа  Петровска покрај актуелните случувања во градот, ги посочи тековните проекти на локалната самоуправа и важноста за реализација на неколку од нив, вклучувајќи го и проектот за гасификација на Битола.

На средбата се разговараше за можностите за економска соработка, на која што двајцата соговорници веќе предложија и конкретни натамошни активности.

Покрај историските врски, амбасадорот Секизќок ја потенцираше блискоста на Турција и Македонија  и поддршката на Турција во изминатите години од осамостојувањето на државата.

Тој посака уште поголема соработка со локалните субјекти, како што е Универзитетот, училиштата и поголема поддршка за развој на туризмот, особено што Битола е град во кој често престојуваат турски гости.

Инаку  поводот за доаѓањето на амбасадорот   Секизќок   беше одбележувањето на 121 година од матурирањето на Кемал Ататурк во Битола, но настанот, поради актуелните препораки не се одржа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*