Home / Uncategorized / Апелација ја одби жалбата на Камчев

Апелација ја одби жалбата на Камчев

Апелацискиот суд ја одби како неоснована жалбата на осомничениот во „Империја“ Јордан Камчев, кој бараше замена на мерката претпазливост со гаранција.

– Апелацискиот суд донесе решение со кое жалбата на осомничениот Ј. К. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција, го потврди – соопшти апелација.

Одбраната на Камчев на 23 јануари годинава во Апелацискиот суд во Скопје понуди гаранција во имот во вредност од околу 3.200.000 евра, образложувајќи ја жалбата за укинување на мерката претпазливост и одземање патна исправа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*