Home / Вести / Базенот кај Довлеџик “ Срце“ под катанец

Базенот кај Довлеџик “ Срце“ под катанец

          Иако Битола има два базени сепак битолчани како и минатото така и ова лето мораат да се разладуваaт сaмо во  Oлимпискиот базен под Тумбекафе.

          Базенот  “ Срце“  кај Довлеџик, кој од 2017 година е даден под концсија на приватен концесионер веќе втора година е затворен под клуч.

Иако деновиве температурите во воздухот се до 40 степени и битолчани мака мачат каде да се разладат, базенот кај Довлеџик е затворен.

          Откако денеска го посетивме базенот тој беше заклучен , а на огласната табла со големи букви пишува(ше) дека базенот е затворен од бзебедносни причини.

          Затворена врата, напуштена капија и обрасната околина околу базенот со густи треви  е сликата која ја затекнавме кај базенот.

          Зошто тој не е ставен во функција засега  нема информации.

Инаку базенот  е затворен откако во јуни 2019 годиа девојче се удави во базенот.

Базенот е во сопственост на Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола, но уште од претходната власт на 12 април 2017 година тој  беше  даден под концесија на приватна компанија „Мега Груп“, која досега воопшт не ги исполнува(ше) условите од кнцесискиот договор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*