Home / Uncategorized / Бербата на боровинката почнува на 10 август

Бербата на боровинката почнува на 10 август

 ЈУ НП Пелистер ја информира јавноста дека оваа година, заради биолошката зрелост на боровинката, на територијата на НП Пелистер, бербата и откупот на боровинки треба да започне од 10 август 2019 г..
Според тоа, НП Пелистер ги повикува и берачите и откупувачите на боровинка да го почитуваат ова соопштение и да се однесуваат согласно со законските обврски, за да нема потреба од примена на казнени мерки кон оние што нема да ја почитуваат оваа препорака. Инаку, маркици и легитимации за берачите, можат да се добијат во просториите на НП Пелистер, секој работен ден, од 07-15 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*