Home / Uncategorized / Битола утре домакин на празникот на мимозите

Битола утре домакин на празникот на мимозите

Битола годинава ќе биде домаќин на караванот на 51-виот празник на мимозите, кој го организира Општина Хергег Нови, од Црна Гора. Дефилето на градска музика и мажоретки од Херцег Нови, ќе се одржи утре, со почеток во 12 часот, а почетна позиција ќе биде Плоштадот „Магнолија“, каде што ќе бидат поставени и штандови, на кои ќе биде промовирана мимозата – симбол на овој град.

Потоа дефилето ќе продолжи по Широк Сокак, а граѓаните ќе имаат ретка можност да видат дел од атмосферата која по повод празникот на мимозите, се организира секоја година во Херцег Нови.

Инаку, Херцег Нови е збратимен град со Битола и ова дефиле е резултат на добрата соработка на локалните самоуправи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*