Don't Miss
Home / Спорт / Битолчанецот Ристо Димитров-Чурино европски шампион во ММА на ИСФА

Битолчанецот Ристо Димитров-Чурино европски шампион во ММА на ИСФА

Ристо Димитров – Чурино ја освои европската титула на ИСФА во саботата вечерта во спортската сала “Младост“ во Битола, на гала вечерта во Битола во борбата за европската професионална титула на ИСФА во првата рунда го совлада Амел Шабановиќ од Црна Гора.

Ова е голем успех на нашиот претставник во ММА.

Неколкуилјадната публика бурно ја поздрави победата на Димитров.

За првпат  во Битола,  се одржа Европско првенство во мешани боречки вештини.  Се натпреваруваа 22 учесници од повеќе земји од Европа, како Србија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Шведска, Молдавија,  меѓу нив  шестмина Македонци, од кои 4 битолчани, еден од Велес и еден од Струга.

Натпреварите се одвиваа  цел ден, а борбите  се водеа во кафез.

Пред почетокот на Европското првенство, во петокот се изврши мерење и акредитација на борците во ноќниот клуб “Расчекор“.

 

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*