Home / Вести / Битолчани (по)бараа слобода за пејачот Ламбе Алабаковски

Битолчани (по)бараа слобода за пејачот Ламбе Алабаковски

Слобода за Ламбе“, „Во градот на Стив Наумов нема место за Ванчо Михајов“ беа дел од пораките испишани на транпарентите на граѓаните кои протесираа пред полицијата во Битола, со барање за слобода пејачот Ламбе Алабаковски, кој е во притвор, откако го призна подметнувањето на пожарот во бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, изминатиот викенд.

-Културниот центар „Ванчо Михајлов“ е класична провокација за Битолчани. Регистриран е нелегално и неговата регистрација во Централниот регистер треба да се поништи – изјави советникот на Левица, Горан Велевски.

По завршување на протестот пред полицијата, граѓаните се упатија кон битолскиот затвор каде што е притворен Алабаковски, за да му изразат поддршка.

Мирниот протест продолжи со марш на учесниците по булеварот „1. Мај“ каде се објектите на Основното јавно обвинителство и конзулатот на Република Бугарија во Битола. Заврши пред битолскиот суд.

М.М.

Фото: Васка М. Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*