Home / Градска хроника / Битолчани сакаат чист воздух

Битолчани сакаат чист воздух

Последните неколку смртни случаи на познати млади битолчани, како и алармантните податоци за зголемувањето на малигните заболувања во Битола, беше повод во градот под Пелистер, за кој долго време се смета(ше) дека дише (нај)чист воздух во државата, деновиве, на социјалните мрежи да се покрене масовна иницијатива за чист воздух во Битола.
Под мотото “За нас се работи” иницијативата “За чист воздух во Битола” наиде на огромна поддршка кај битолчани и за само неколку дена на социјалните мрежи иницијативата ја поддржаа над 10.000 граѓани.
Иако се сметаше дека иницијаторите за чист воздух во Битола поддршката ја имаат само од нивните фејсбук поддржувачи, сепак, деновиве, кога тие јавно излегоа на прес-конференција и се “легитимираа” пред битолската јавност, на сите им ста-на јасно дека се работи за граѓанска иницијатива, која има исклучиво намера најпрво да ги детектира загадува-чите на воздухот во Битола, а потоа да излезе и со конкретни мерки за елиминирање на причинителите кои го загадуваат воздухот во Битола.
Меѓу бројните битолчани кои ја поддржаа иницијативата ги има голем број и од странство, кои се јавуваат со конкретни предлози како да се елиминираат загадувачите, но и како Битола да добие чист воздух.
-Нашата иницијатива е чисто граѓанска и нема никаква политичка боја. Напротив, првата наша задача е да ги елиминираме сите оние наши т.н. “политички поддржувачи”, кои со својата “политичка поддршка” и изјави продолжуваат да го “трујат“ воздухот и атмосферата во градот. Нам такви “поддржувачи” не ни требаат, нагласуваат од Иницијативниот одбор за чист воздух во Битола.
Според иницијаторите ним на крај памет не им паѓа како што некои сметаа(т) дека треба да го затворат РЕК “Битола”, за кој во битолската јавност се тврди дека е најголем загадувач.
Напротив, таквата идеја тие на прес-конференцијата ја нарекоа налудничава.

Поопширно на темата во најновото печатено издание на Битолски весник

М. Младеновски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*