Home / Вести / Битолчани со порака до кандидатите за градоначалник Битола да добие велодром

Битолчани со порака до кандидатите за градоначалник Битола да добие велодром

           

                        Денеска голем број битолчани кои возеа велосипеди низ градот побараа од кандидатите за градоначалник изградба на велодром во Битола.

            -Пораката е недвосмислена- Битола вело град во еден мандат- проект кој треба да се реазлизира. Инфраструктура која е далеку поодржлива, поекономична за разлика од инфраструктурата за автомобили која за жал, во Битола има ексклузивитет.

Сакаме во иднина да се реализираат проекти кои ќе донесат поздрава животна средина и почист воздух. Град во кој жители ќе бидат луѓето, а не автомобилите, тоа подразбира дека тротоарите треба да бидат на пешаците“, рече Драган Вељанов од „Земи здив“.

Тој  посочи дека политичарите треба со личен пример да ја јакнат јавната свест за користење на еколошки и економични транспортни средства. И на претходни вакви настани одредени политички фигури се појавувале, но работите потоа не се промениле. „Ова е 61 критична маса, ние сме тука долги години, а актерите се менуваат пред и после извори, но сепак важно ни е да се упати јавна порака што очекуваме од идната гарнитура, а сето тоа во интерес на граѓаните“, рече Вељанов.

Меѓу битолчаните  кои возеа велосипеди беа и неколкумина од кандидатите за градоначалници на Битола, и тоа Христо Кондовски од СДСМ и коалицијата, Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и Горан Таскоски од „Македонска ера трета“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*