Home / Вести / Битолската библиотека дел од хортикултурните библиотеки

Битолската библиотека дел од хортикултурните библиотеки

НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола  е дел од регионалната мрежа на хортикултурни библиотеки, концепт кој што вклучува  запознавање, користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаника, уметноста, како и промовирање на литература од истата област со што библиотекарите го унапредуваат квалитетот на своите услуги преку поголемо користење на фондовите на библиотеката и обликување на позитивна свест за уредување на работни и животни простори. На тој начин библиотеките стануваат своевиден посредник во изградба на современото и еколошко живеење, овозможувајќи го побрзиот пристап до активности со хортикултурна нота. Покрај размената на информации и искуства, хортикултурна мрежа на библиотеки од целиот регион ќе биде еден вид „огласна табла“ и „временски распоред“ на редовни и повремени настани врзани со цвет и книга.

По повод Меѓународниот празник на жената 8. Март во холот на Библиотеката на 5. Март ќе биде отворена изложба која со своите содржини ја спојува уметноста, слики со мотиви на цвеќе на авторот Слободан Рајчевски и книгата и дела на жени, писателки носители на нобелова награда за книжевност

И на крајот да не заборавиме дека за еден месец на 23. Април ќе се потсетиме на стар Каталонски обичај по повод Светскиот ден на книгата и авторско право кога нашата библиотека како и многу библиотеки во светот на денот ќе го одбележат со подарување цвет и книга.

Затоа му благодариме на Слободан Рајчевски кој што ги споделе своите дела со библиотека и на тој начин ни го оплемени просторот, а со тоа ни овозможи да го промовираме концептот за хортикултурна библиотека со единствена цел да подигнеме свеста за менување на средина каде што живееме, за една нова цветна   Битола.

Бидете дел од нашето семејство на читатели, читајте и разубавувајте ја средината во која живееме, а како поинаку освен со воведување на нов концепт на живеење и нови програми од вашата хортикултурна библитоека, стои во соопштението на Библиотеката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*