Home / Uncategorized / Битолската пиварница (повторно) во стечај

Битолската пиварница (повторно) во стечај

                  

          Од пред извесно време  во битолската пиварница повеќе не се произведува битолско пиво.

          По барање на доверителите против Пиварницата е поведена стечајна постапка.

          За време на неодамнешната посета на битолската Пиварница таму не затекнавме  никој.

           Влезната врата  во производниот погон е заклучена, а катанец е ставен и на другите објекти во Пиварницата.

          За тоа што се случува со Пиварницата и зошто таа прекина со работа одговор не најдовме ни од сопственикот, Блажо Димитров, кој по повторното рестартирање на Пиварницата пред неколку години,  ветуваше дека битолското пиво не само што ќе го освои битолскиот и македонскиот пазар, туку ќе се пласира и во земјите од опкружувањето.

          Во врска со судбината на Пиварницата, стечајниот управник Ристо Димовски од Струмица  вели.

          -Точно е тоа дека против битолската Пиварница е поведена стечајна постапка и дека јас сум назначен за стечаен управник, но во моментот сеуште ги немам податоците колку изнесуваат побарувањата на доверителите и долгот на Пиварницата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*