Home / Uncategorized / Битолски весник подготвува спектакуларен избор

Битолски весник подготвува спектакуларен избор

До изборот на најуспешните битолчани за 2017 година остануваат уште 23 дена. Уште само 23 дена не делат од денот, кога петок, на 23 февруари, во ресторанот Вавилон ќе бидат прогласени најуспешните битолчани за 2017 година.

За тие кои со своите гласови сакаат да влијаат на изборот  има уште 21 ден, кога се заокружува гласањето.

И додека  читателите на Битолски весник се преокупирани со гласањето, редакцијата на Весникот  ги привршува сите подготовки околу  организацијата на Манифестацијата.

Деновиве Битолски весник ги обезбеди главниот покровител и генералните спонзори на Манифестацијата.

Паралелно со тоа договорени се и музичките групи и пеачи кои ќе настапат во забавниот дел на Манифестацијата.

Инаку Битолски весник за годинашниот избор подготвува вистински спекаткл, каков што битолчани немале можност да видат во изминатите 18 години.

За поддршката која ја имаме од битолчани и од читателите Редакцијата на Битолски весник одлучи годинава на Манифестацијата да донесе светска ѕвезда која што специјално доаѓа во Битола.

Неговото гостување ќе биде подарок на Битолски весник за сите читатели и за присутните ма Манифестацијата кои ќе  сакаат во живо да присуствуваат на изборот.

Деновиве во продажба се пуштени и влезниците за Манифестацијата.

Според интересот на читателите по се изгелда и Вавилон ќе биде претесен да ги прими сите кои сакаат во живо да присуствуваат на Манифестацијата.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*