.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Битолски весник, утре слави 59 години од првиот број

Битолски весник, утре слави 59 години од првиот број

        

Битолски весник,  најстариот локален печатен медиум не само во Битола, туку и во државата, утре, сабота на 29 април,  ќе го одбележи  својот голем  и редок јубилеј,  59 години од излегувањето на првиот број и ќе почне да ги испишува првите страници од 60 годишнината на своето постоење.

 Пред точно 59 години, на 29 април,  во далечната 1964 година, во предвечерјето на Празникот на трудот, 1 Мај,  излезе првиот број на Битолски весник.

        Оттогаш цели 59 години Битолски весник секоја среда непрекинато  се наоѓа  во  рацете на бројните читатели во Битола.

        Битолски весник е без сомнение  единствениот локален весник во  Република Македонија, кој  успешно опстојува цели 59 години  во медиумскиот простор на печатените медиуми во Македонија.

Тој е весник кој во сите измнати 59 години немал ни една недела прекин.

        Битолски весник цели 59 години е вистински хроничар не само за настаните од Битола и Регионот и бренд на градот.

        За Битолски весник велат дека е сведок и хроничар на Битола. Некои велат дека тој е Битолски Пиреј.

        Трети велат дека е колективна меморија на градот под Пелистер.

        Има и такви кои велат дека е Првиот буквар на Битола, а во една прилика професорот по новинарство, Тоци Груевски изјави дека е Светилник на Битолското и Македонското  печатено новинарство.

        Битолски весник беше замислен од стрна на иницијаторите за негово излегување да   биди весник на  граѓаните на Битола.Тој цели 59 години секоја среда, непрекинато се наоѓа во рацете на илјаднци читатели.              

Многумина со Битолски весник другаруваа(т) од својата најмала возраст, од училишните клупи, па се до пензионирањето.                                               

        Во изминатите 59 години Битолски весник минувал низ бројни и тешки искушенија, но ниту во еден момент било доведено во прашањето редовното излегување на Весникот.

        Битолски весник остана и опстана секогаш гледајки напред во иднината.

        Водени од девизата секогаш ПРОСТУМ, Битолски весник паѓаше, но и се креваше како Феникс од пепелта, но секогаш редовно излегуваше дури и тогаш кога сите вработени поради  корона вирусот беа во изолација.

        Битолски весник од утре, 29 април, кога влегува во својата 6 децениска историја,  почнува да ја испишува историјата на Битола во јубилејната 60 годишнина, која ќе биде одбележана на 29 април идната 2024 година.     

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*