Home / Uncategorized / Битолскиот универзитет потпиша договор за соработка со универзитет од Романија

Битолскиот универзитет потпиша договор за соработка со универзитет од Романија

Со потпишување на Договор за соработка меѓу Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола и Универзитетот “Александру Јоан Куза” од Јаши, Република Романија, денес во Битола завршија свеченостите по повод 25-ти април, Денот на основањето на Битолскиот Универзитет.

Договорот за соработка го потпишаа ректорот на Универитетот проф. д-р Златко Жоглев и ректорот на Романскиот универзитет проф. д-р Василе Ишан, а придружувана од романскиот амабасадор во Република Македонија, Јустинијан Фокша кој  престојуваше на УКЛО.

romanija 5
Чинот на потпишување на Договорот претставуваше можност за поблиско запознавање и за разгледување на можностите за интензивирање на меѓусебната соработка низ повеќе специфични академски форми и активности.

romanija 4

По повод пригодата, титула почесен доктор на науки е доделена на академик, проф. д-р Грозданка Гојков, од Република Србија.

Во рамки на свеченостите на Битолскиот универзитет беа промовирани и 11 нови доктори на науки.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*