Don't Miss
Home / Вести / Благодарност за волонтерите и Црвен крст

Благодарност за волонтерите и Црвен крст

Претседателот на СДММ Битола – Петар Николовски / Претседателот на Форум на жени при ОО СДСМ Битола – Татјана Крнчева и Претседателот на Форум на пензионери при ОО СДСМ Битола – Бранирод Михајловски – почитувајќи ги коронавирус Протоколите за превенција и заштита на оригинален начин своето “Благодарам” за 2020 година го изразија кон волонтерите на Општинската Организација на Црвен Крст Битола.

Петар Николовски СДММ Битола:

Денес се одбележува Светскиот ден на волонтерите. Мотото е Можеме заедно преку волонтирање. Денес, светот и ние, активистите на Социјалдемократската младина на Македонија од Битола се заблагодаруваме на младите волонтери од ОО на Црвен крст Битола за пожртвуваниот ангажман во текот на целата година.

Година во која и светот и тие не знаеја со што се соочуваат, година во која уште една ги тестираат своите граници и во која уште еднаш покажаа дека за волонтирањето, за добрината – нема граници.

Затоа, волонтерите со своето однесување биле и остануваат пример за Социјалдемократската младина на Македонија.

Татјана Крнчева Форум на жени СДСМ Битола:

Изминатите месеци, како се разбеснуваше пандемијата од Ковид 19, така волонтерите се најдоа на фронтот на медицинската, општествената и социјалната грижа за граѓаните, пред се, од ранливите категории. Светот и земјава уште еднаш го обиколија наслови за заслугите на волонтерите.

За нивниот ангажман во обезбедување на медицинска грижа, за пазарење за соседи од ризични категории или посета на повозрасни членови на заедницата, само за да проверат дали се добри.

Тоа и многу повеќе, да се прави тивко, ненаметливо, за некого незабележително, е уметноста на младите волонтери од Црвен крст Битола заради што Форумот на жени при СДСМ Битола е неизмерно благодарен.

Бранирод Михајловски Форумот на пензионери СДСМ Битола:

Спојот на младоста и искуството секогаш и секаде е рецепт за успех. Особено во ова кризно време, пензионерите, посебно оние кои живеат сами, кои немаат помош од свои блиски или соседи, најголемата поддршка ја добиваат токму од младите волонтери на Црвен крст.

Нивната помош изминатите месеци, за многу возрасни членови на нашето општество буквално значи живот.

Младите волонтери покажаа по којзнае кој пат дека Заедно можеме преку волонтирање. Можеме и животи да спасиме, и да помогнеме, и да пренебрегнеме. Форумот на пензионери при СДСМ Битола ви се заблагодарува за се што правите за нас, пензионерите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*