Home / Uncategorized / Блаже Докуле карикатурист на годината

Блаже Докуле карикатурист на годината

Карикатуристот на Битолски весник и на бројни други весници, списанија и печатени изданија, Блаже Докуле е пргласен за македонски карикатурист на годината.

Ова високо признание од областа на карикатурата на  Блаже Докуле му беше доделено на јубилејното  50-то издание на „Светската галерија на карикатури”, што деновиве се одржа  во Музејот на град Скопје, во организација на „Остен”.

Со добивањето на признанието  карикатуристот на годината Блаже Докуле ја комплетира својата исклучително богата збирка на признанија , домашни и меѓународни награди, што ги доби во својата богата пет децениска кариера во областа на карикатурата.

Инаку Блаже Долуле  е првиот карикатурист на Македонија кој добива вакво високо признание, а не живее во главниот град на Република Македонија – Скопје.

Тој во изминатите околу 50 години плодна работа во областа на карикатурата   има освоено над пеесетина меѓународни награди.

Тој е осум пати награден на Светската галерија- Остен, 9 пати е добитник на награда  на Струмичкиот фестивал   и осум пати добитник на награди во Јужна Кореја.

Тој е добитник и на Четврто ноемвриската награда, како и признанието на Битолски весник за карикатура во рамките на манифестацијата “ Избираме најуспешени битолачани “

На годинашната меѓународна изложба на карикатури во Музејот на гард Скопје беа презентирани 792 дела од годинашните над 208 карикатуристи од 50 земји во светот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*