Home / Спорт / Бранче му кажа збогум на ракометот

Бранче му кажа збогум на ракометот

Бранко Ангеловски со ревијален натпревар се прости од ракометот и официјално стави крај на својата богата кариера.

Во салата „Младост“ во Битола се одигра меч меѓу Пелистер и селекција на „Пријателите на Ангеловски“, во која настапуваа соиграчи на битолчанецот од сите клубови во кои играл, како и колеги од репрезентацијата.

Натпреварот заврши мирољубиво 41-41, а Ангеловски постигна пет гола меѓу кои и последниот на натпреварот за нерешено. Во тимот составен од пријателите на Ангеловски продефилираа многу ракометни ѕвезди, а најефикасен меѓу нив беше Дејан Манасков со 12 погодоци. Кај Пелистер најмногу се истакна Чантурија со осум гола.
Мечот имаше и хуманитарен карактер, а парите од влезниците од преполната сала „Младост“ ќе бидат наменети за здружението „Борка“.

Кариерата на Ангеловски траеше цели 20 години, а играше за Вардар, Пролет, Металург, Пелистер, Загреб, Винтертур, Тулуз, Ал Аин, а последните седум години од ракометниот пат ги мина во Романија, каде играше за Костанца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*