Home / Македонија / Брод Живојно Вашарејца и Новоселани со неисправна вода за пиење

Брод Живојно Вашарејца и Новоселани со неисправна вода за пиење

Од регионалната здравствена установа истакнуваат дека четирите пелагониски села не се вклучени на градскиот водовод што го одржува ЈКП „Водовод”-Битола, чиј систем непречено функционира и ги снабдува сите водокорисници со здрава и чиста вода.
Пелагониските села Брод и Живојно од општина Новаци и Вашарејца и Новоселани од општина Могила кои користат индивидуални водоводи имаат неисправна вода за пиење.

Водата е забранета за пиење, миење и друга употреба, потврдија од ЈЗУ Завод за здравствена заштита-Битола.

Од регионалната здравствена установа истакнуваат дека четирите пелагониски села не се вклучени на градскиот водовод што го одржува ЈКП „Водовод”-Битола, чиј систем непречено функционира и ги снабдува сите водокорисници со здрава и чиста вода.

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола апелираат семејствата во поплавените подрачја пред употреба, задолжително да вршат превривање на водата, децата да не играат во барите, затоа што е можно мешање на чистата вода со фекална, редовно да се мијат раце, да не се јаде храна зафатена со вода од поплавите, ниту храна која била во фрижидер кој подолго бил без струја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*